Синоќа пред полноќ од ковид -19 почина познатиот македонски пејач Васил Ангов. Тој починал во болнички услови во Скопје, по поставувањето на респиратор.
Неговиот син Андон, доцна синоќа на Фејсбук ја објави веста за смртта на познатиот музичар.
“Почивај во мир Тато…. Короната нѝ те зема предвреме“ – напиша Андон.
Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“. Ангов настапи на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.
Инаку, Васил Ангов е трета жртва од ковид-19 во Гевгелија.