Почина Славе Сирачевски, еден од најмаркантните туристички работници во нашата држава и во регионот, сопственик на Аурора Турс, туристичка агенција, и сопственик на еден од најубавите хотелски ресорти во Македонија, Аурора на Беровско езеро. Сирачевски го поседуваше и угостителски објект на езерото Козјак.
Веста на фејсбук ја објави поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.
„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам.
Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот!
Во мое лично име изразувам сочуство на семејството!
Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор.
Почивај во мир Славе“, напиша на својот статус Љупчо Јаневски.
Ресортот Аурора на брегот од Беровско езеро, креација на големото туристичкјо-угостителско визионерство на Сирачевски, беше остварување на неговвиот сон во родната Малешевија да остави нешто трајно. нешто светско а наше, вонвременски убаво и привлечно за туристи кои тука доаѓаа(т) од целиот свет.