Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така и од граѓаните. . Јовев добива поддршка и од фелата и од граѓаните. На социјалните мрежи можат да се сретнат низа критики од за разрешувањето на кардиохирургор.
„Не вирее професионалец овде“, напиша докторот Ненад Лазаров.
“Со став се јави и градоначалникот на Ѓорче Петров, докторот Александар Стојкоски.
„Со вакви мерки стимулирате само повеќе карти во еден правец надвор од државава! Има разлика“, напиша тој.
Актерката Ирена Ристиќ испрати порака до министерот за здравство Меџити.
„Ако првата трансплантација на срце и уште неколку други кои уследија после тоа, не се резултат и тоа за највисоки почести во државава, онда не знам што е!!! Меџити, добар ли си со глаата?! Ќе ни носиш доктори од Тетовскиот?! Мрш!!! Поддршка за доктор Јовев!!!“, напиша Ристиќ.
Ова се само дел од низата пораки на социјалните мрежи.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија, кој инаку е предводник на тимот што ги правеше трансплантациите на срце. На прашањето зошто го разрешил, министерот Меџити рече дека на клиниките нема да остави директори што спијат и немаат резултати.