Почина доајенот на македонското спикерство, Снежана Липковска.
Таа беше со фантастичен радиофоничен глас, секогаш со дикција на ниво и дама со стил.
Со децении владееше (70-те и 80- те години) на ТВ екраните, односно на тогашната ТВ. Скопје или Македонска радио и телевизија. Водеше најразлични емисии како и централниот Дневник и немаше кој не ја познава, а беше и добро позната во тогашна Југославија.
Работеше и како новинар, а исто така се занимаваше и со документаристика. Во 2015 година издаде и книга, збирката новели „Хотелски стории“. Поседуваше ведар дух, одличен стил, културно однесување и харизма.