На 81-годишна возраст во Нови Сад почина пејачката Љиљана Петровиќ Таа беше првиот претставник на Југославија што настапи на Евровизија во 1961 година во Кан, каде ја изведе песната на Јоже Прившек „Нека давне звезде“. Со девет поени Љиљана го освои осмото место.
Инаку, Љиљана Петровиќ е родена во Босански Брод во 1939 година, а ќе биде запаметена и по песната на Јован Адамов “Нека то не буде у пролеќе“со која учествуваше на Опатија во 1966 година. Кон крајот на 70-тите години таа се повлече од јавниот живот. Подоцна се посвети на пишувањето хаику поезија а во 1991 година објави книга.