Британските ројалисти ги налути роденденската честитка со која принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ѝ посакаа се најдобро на својата снаа Меган Маркл за нејзиниот 41 роденден.
Kралското семејство ѝ го честиташе роденденот на војвотката од Сасекс на социјалните мрежи, споделувајќи нејзини фотографии по овој повод.
Фотографии од нејзината посета во Обединетото Кралство за прославата на платинестиот јубилеј на кралицата беа објавени на официјалните Твитер-профили на принцот од Велс и војводата и војвотката од Кембриџ.
Меган во четвртокот го прослави 41. роденден и најверојатно го одбележи големиот ден приватно со својот сопруг принцот Хари и нивните деца Арчи и Лилибет во Калифорнија каде што живеат.
Официјалниот Твитер профил на Вилијам и Кејт објави фотографија од војвотката која присуствуваше на церемонија во катедралата „Свети Павле“ во јуни, што го одбележа 70-годишното владеење на кралицата.
Реакциите на честитката се множат како луди.
Еден ја нарече Меган „војвотката на драмата“, додека друг рече дека „навистина не заслужува роденденска честитка“. Меѓу жестоките коментари е и оној во кој авторот вели: „Не се сеќавам дека Сасексите на некој член на кралското семејство му честитале роденден“.
Принцот Хари, Меган Маркл, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на времето ги нарекуваа „Моќната четворка“.
И покрај критиките, многу обожаватели на Вилијам и Кејт (заедно со кралицата Елизабета Втора, најпопуларните членови на британското кралско семејство) ја поддржаа одлуката да ѝ честитаат на Меган и сметаат дека тоа е вистински потег на парот. Иако деновите на „моќната четворка“, како што медиумите своевремено ги нарекуваа Кембриџи и Сасекс, одамна завршија, Вилијам и неговата сопруга со овој потег докажуваат дека еден ден ќе бидат одличен крал и кралица на Велика Британија.
– Вилијам и Кетрин прават сѐ како што треба. Секогаш треба да изберете да бидете љубезни и смирени. Одлично! – напишал еден импресиониран обожавател.
Друг вели дека принцот и Кејт се вистински пример за „идни лидери“.
– Војводата и војвотката од Кембриџ се секогаш за половина копје подобри од другите – напишал нежно.
Има, секако, повремени објави каде што коментаторите се придружуваат на честитките на Меган.
– На таа решителна госпоѓа ѝ посакувам долг, бериќетен и среќен живот со семејството! – напишал еден од нив и додал совет за војвотката во бегство: „Време е да ги срушиме оградите и да ги поправиме работите!“.