-Гитаристот на групата Галија, Жан Жак Роскам, почина во понеделникот 26.10.2020 г – беше објавено на официјалната Фејсбук страница на популарната група.
Жак со Галија отсвире многу концерти ширум стара Југославија, а 2011 г., после 20 години пауза, како специјален гостин повторно засвире на сцената со својот матичен бенд во Сава Центар каде Галија одбележа 35 години постоење.
Роскам во Југославија дошол во 1984 г., го довела неговата љубов кон девојката од Вргорац кај Макарска. Тој свирел со Пеѓа Д Бојс во Белград, но кога Саша Локнер заминал од бендот, барале друг клавијатурист. Тогаш во Галија дошол Жан Жак Роскам.
Исклучително шармантниот Белгиец со Галија сними 5 албуми на кои се потпиша како гитарист, но и автор на некои песни, како што се: „Жена које нема“, „Небо над Макарском“, „Певају јутра“, „Љубавна песма“, „Пролеќе“ и „Москва-Балкан“. Неговиот вокален придонес е забележан и во шеговитите песни „Љубовна песма“ и „Зебре и бизони“.