Познатиот француски моден креатор Емануел Унгаро почина на 87-годишна возраст, јавуваат светските медиуми. Тој починал вчера во неговиот дом и неговата смрт ја потврди семејството.
Емануел Унгаро е еден од најпознатите и најпродуктивни модни креатори на светот. Тој ја основа модната куќа “Унгаро“ во 1965 година. Занаетот го научил од неговиот татко, Италијанец кој избегал во Франција од фашизмот и му подарил машина за шиење на својот син. Унгаро се преселил во Париз на 22-годишна возраст, каде наскоро започна да работи за дизајнерот Кристобал Баленсијага.
Францускиот дизајнер се повлече во 2005 година, а својата модна куќа му ја продаде на бизнисменот Асим Абдулаху. Од 1988 година, тој бил во брак со Лора Бернабеи, со која ја имаше ќерката Косиму.
Инаку, погребот на Емануел Унгаро ќе биде утре во Париз.