Почина омилената глумица од серијата “Сексот и градот“ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Глумицата Лин Коен, која ја гледавме како домашната помошничка на Миранда во серијата „Сексот и градот“, почина вчера на 86-годишна возраст.

Во познатата серија го толкуваше ликот на Магда, домашна помошничка и дадилка од Украина, која сите ја обожаваа поради односот кон Миранда.

Лин е родена во Канзас сити 1933 година, а најпознати улоги и биле во филмот на Спилберг “Минхен“, каде што ја играла Голда Меир, потоа Магс во филмот “Игри на гладот“, а се појавувала и во многу други филмови, воглавно епизодни улоги, како и во ТВ серии.

останати вести