Почина Владимир Богоев, новинар и еден од основачите на „Дневник“. Со него, преку социјалните мрежи се прости и неговиот син, Стефан Богоев, кој беше и ексградоначалник на Карпош.
„ПАМТИТЕ МЕ ПО ПЈЕСМАМА МОЈИМ… Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот. Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне. Новинар, еден од основачите на “Дневник”. Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ ! Муабетете со Трајко и трчајте со Лиле на небото. Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал… А до тогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on… Погребот ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица“, напиша Стефан Богоев, ексградоначалник на Карпош.