“Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности. Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските. Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден, велат од извршниот одбор на Унијата.