Глумецот Џејсон Дејвис кој го сметаа за најбогат наследник во филмската индустрија, бидејќи беше внук на Марвин Дејвис, поранешен сопственик на “20th Century Fox“, починал во неделата на 36-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.
Причината за смртта сè уште не е позната.
Џејсон глумеше во серијалите „Розен“, како и во филмовите „Гас до даска“ и „Нинџа од Беверли Хилс“.
Инаку, неговата баба е добро познатата филантропка, Барбара Дејвис.