Почина Костадинка Велковска, хрватска театарска, телевизиска и филмска актерка и пејачка со македонско потекло, потврди хрватскиот „Index“.
Таа починала во неделата на 76-годишна возраст во пензионерски дом.
Минатата година преживеа мозочен удар
Костадинка во јули минатата година доживеа мозочен удар, по што беше на интензивна нега во КБЦ Загреб. Потоа се прошири лажна вест дека актерката починала, но тогаш нејзината снаа ја демантираше веста.
Актерката имаше богата кариера. Родена е 1948 година во Скопје, од каде во 1968 година заминува за Загреб за да студира глума. По завршувањето на студиите, глумеше две години во театарот во Дубровник, а потоа доаѓа во Загреб во театарот Керемпух, каде што останува до пензионирањето.
Велковска глумеше во сериите „Забранета љубов“, „Засекогаш соседи“, „Нашата мала клиника“, „Не се откажувај, Нина“, „Дар-мар“, „Битанги и принцези“…
Оствари улоги и во филмовите „Бомбашки процес“, „Браво маестро“, „Последниот подвиг на диверзантот Облак“, „Јазол“, „Духот на баба Илонка“ и многу други.
Нејзината прва телевизиска улога беше во серијата „Неосвоен град“, ТВ Загреб од 1982 година, а последна улога ѝ беше улогата на Розалија Црнчевиќ во серијата „Дар-мар“ од 2021 година.