Поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, Жарко Луковски, починал денеска попладне во Скопје.
Бизнисменот Луковски беше и меѓу обвинетите од Специјалното јавно обвинителство, во случајот “Базни станици”, кој го водеше обвинителката Лиле Стефанова, каде беше осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на Бетон АД Скопје а на штета на акционерите на „Т-мобиле“ , меѓу кои и државата. Последните години во јавноста беше познат како еден од вмешаните во контроверзната оф-шор фирма Ексико.
Името на Луковски се споменуваше и во скандалот “Рекет” како еден од бизнисмените на кои им бил изнуден рекет за да им биде запрена истрага за контроверзни бизниси, но тој како што беше објавено наводно го демантирал таквото тврдење.
Жарко Луковски се најде на листата помилувани на Ѓорѓе Иванов по што ескалираа протестите. Тој е близок со Орце Камчев и го поврзуваа со негови оф шор фирми. Луковски бил меѓу неколкуте сопственци на мистериозната фирма „Ексико“ која добиваше милионски тендери од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.