Вчера во Скопје, на 78 години почина Марио Липша, моден и музички менаџер. Тој беше еден од првите кои организираше Мис на Македонија, како и организатор на модните реавии кај нас во времето на деведесетите.
Липша ѝ беше сопруг на трагично загинатата Сашка Петковска, еден од најдобрите женски гласови во нашата популарна музика. Марио и Сашка имаа две ќерки, Леа и Сандра.
Петковска загина на 31 август во 1983 година во сообраќајна несреќа заедно со уште тројца членови на нејзината балетска група „Авона”, патувајќи на концерт во Свети Николе. Имаше 32 години.
Липша, долги години беше на чело на најпознатата естрадна институција во Македонија, здружението на естрадни уметници „Естрада”.
– Со Липша ме врзуваат незаборавни спомени затоа што со него покрај тоа што се дружевме , соработувавме во повеќе пионерски потфати на македонската сцена.Со него успешно ги организиравме првите македонски поп-рок фестивали, изборот на Мис на Македонија,првиот јавен пречек на Нова година на плоштадот во Скопје…..Исто така, тој несебично помагаше во сите манифестации кои ги организираше ревијата Екран, се прости од него на Фејсбук, Тимчо Апостолов.
Марио Липша беше еден од првите рокери во Македонија .Како клвијатурист тој заедно со браќата Зоран и Лаки Панчетовиќ свиреше во групата Вихори а потоа и во групата “Македонија“ во која како вокални солисти настапуваа Даниела Панчетовиќ, Сашка Петковска ,Верица Ристевска, Кирчо Поп Лазаров и Панче Кочовски.
„Тој долго време беше претседател на Здружението на естрадните работници на Македонија преку кое им организираше настапи речиси на сите македонски музичари и вокални солисти на бившите југословнски простори и посебно во летувалиштата на Јадранскиот брег.Марио Липша беше еден од најдобрите организатори на модните ревии во нашата земја и на модните саеми во странство…
Со оглед на тоа што беше чесен човек и добар организатор него сите го бараа за промотор на нивните настапи.А голем број на музичари вечено ќе му бидат благодарни затоа што преку Здружението успеа да им обезбеди и заслужни пензии….. Марио нека ти е светол патот во вечните ловишта“, напипа Апостолов на социјалните мрежи.