Денеска во Скопје, по кратко боледување, почина доајенот на македонското спортско новинарство Мирослав Наумовски – Лав.
Наумовски патот кон спортското новинарство го мина најпрво и како активен спортист, член на првата ракометна генерација на РК Вардар притоа со настапи и за младинската репрезентација на Македонија во рамките на поранешна СФРЈ.
Во македонското спортско новинарство целиот работен век го мина во НИП Нова Македонија, известувајќи од ЛОИ 1974, 2000 и 2004, од ЗОИ 1984 и 1988, од три СП во кошарка, осум ЕП во различни спортови, универзијади, медитерански игри, балканијади.
На иницијатива на Наумоски низ првите години на независна Македонија беше формиран првиот спортски магазин во Македонија, „Скок“ а тој беше и прв негов Главен и одговорен уредник. Беше иницијаторот и најзаслужниот што по долги години пауза во деведесеттите години од минатиот век повторно се возобнови Охридскиот пливачки маратон.
Заедно со Васил Тупурковски, го основаат Македонскиот олимписки комитет (МОК) и станува член на Собранието на МОК, на Управниот одбор на МОК и Претседател на МОК Маркетинг, каде и ги минува последните години од својот работен век.