Вечерва се очекува намалување од 5 денари на дизелот, најави Бектеши

by Тони Зографски

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 најави намалување од 5 денари на цената на дизелот.

„Вечерва очекуваме дополнително намалување, имајќи ги во предвид котациите на последните пет дена и најверојатно намалувањето , согласно анализите кои се прават во секторот за енергетика во Министерството за економија, би требало да биде за дизелот над 5 денари“, посочи Бектеши.

Тој вели дека последната одлука ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

„Ние очекуваме согласно нашите пресметки да биде над 5 денари намалувањето во делот на дизелот, но секако тоа ќе биде одлука на РКЕ која е независна институција“, порача Бектеши.

Инаку, според вчерашната одлука на РКЕ, дизелот моментално се продава по цена од 85 денари за литар.

останати вести