Ајрис Апфел, експертка за текстил, дизајнер на ентериер, модна икона и најстарата инфлуенсерка позната по својот ексцентричен стил, почина на 102-годишна возраст, пишува Хафингтон пост
Информацијата ја потврди нејзиниот комерцијален агент Лори Сал.
Апфел минатата година го прослави својот 102 роденден. Родена на 29 август 1921 година, беше позната по својот неконвенционалена, впечатлив избор на облека мешање на висока мода и накит за костими со големи димензии.
Со големите, тркалезни, црни очила, светло црвен кармин и кратката бела коса, таа се истакнуваше на секој моден настан на кој присуствуваше. Нејзиниот стил беше предмет на музејски изложби и документарниот филм Ирис, во режија на Алберт Мејслс.
„Не сум убава, никогаш нема да бидам убава, но тоа не е важно. Имам нешто многу подобро. Имам стил“, велеше таа.
Беше позната и по позитивната енергија и љубезност во односите со луѓето. И по советот за љубовни релации кој гласеше “Најдете некој кој ќе сака да се смее и да се прегрнува”.
Апфел уживаше последователна слава на социјалните мрежи, собирајќи речиси 3 милиони следбеници на Инстаграм, каде што често го сподечуваше своето кредо: „Повеќе е повеќе, а помалку е досадно“ (More is more and less is bore).
Во однос на дизајнот на ентериер, таа работеше во Белата куќа за дури девет американски претседатели – Хари Труман, Двајт Ајзенхауер, Џон Ф. Кенеди, Линдон Џонсон, Ричард Никсон, Џералд Форд, Џими Картер, Роналд Реган и Бил Клинтон.
Тие, како што рече еднаш, биле нејзините најлесни клиенти.
„Секој, но секој ентериер што го уредивме беше различен од претходниот“.
Пред пет години, Mattel направи кукла Барби врз основа на Апфел, со што Ајрис стана најстарата личност која е модел за таа кукла.
На 97-годишна возраст, на повик на Томи Хилфигер, стана модел, потпишувајќи договор со агенцијата IMG, која ги застапува Жизел Бундхен и Џиџи Хадид.
Ајрис ја носеше титулата најстара инфлуенсерка во светот. Нејзините објави ги следат речиси три милиони луѓе. Ајрис ги воодушевуваше своите следбеници со аутфити во кои ги спои неспоивите – елементи од различни култури и евтините парчиња со скапите.