Почина Атина Апостолова. Безживотното тело на доајенката на македонската народна музика било пронајдено денеска во нејзиниот дом. Веста на смртта на Атина Апостолова ја сподели нејзината сестра и пејачката Вики Среброва.
Атина Апостолова е родена на 20 мај во 1946 година во Скопје, каде и дипломира на Економскиот факултет. Нејзини познати песни се Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов и се заљубив, Иле Илија и многу други.
Во кариерата реализираше турнеји во Австралија, во Канада и во Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски.
Имаше одлична соработка со Ванчо Тарабунов, со Ефто Пупиновски и со Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и со Ефто Пупиновски (Скопските боеми).
Во 2023 година на Фестивалот „Тумба Фест” во Куманово ја доби наградата за животно дело.