По кусо и тешко боледување, утрово на 69-годишна возраст почина познатиот адвокат Игнат Панчевски.
Изминатите години тој тврдеше дека поседува докази оти поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен, а алармираше и оти воениот злосторник Ратко Младиќ, пред да биде уапсен, се криел и во земјава. Се обидуваше да ја расветли и измамата во ТАТ, а пресмета и дека над пет милијарди евра биле извлечени од Македонија преку криминал.
Во 2013 година, Панчевски беше застрелан со еден куршум во левата потколеница. Инцидентот се случи во Бутел.
Посмртните останки ќе бидат изложени во вторник во капелата на Градските гробишта во Бутел во 12 часот.