Денеска починатата од коронавирус, 35-годишната Магде Темелковска од Ресен се лекувала дома, но во текот на ноќта нагло ѝ се влошила состојбата, па починала рано утрово, – пишува НЕЗАВИСЕН.
Според она што го објави Центарот за јавно здравје Битола, на 4 септември кога ѝ е потврден вирусот, Темелковска не дала податок дека имала контакт со претходно потврден случај на Ковод-19,
Претходно, Магде Темелковска околу 20 август била на одмор во Струга со ваучерите од владата за развој на домашниот туризам, по престојот таму се вратила во Ресен и неколку дена подоцна ги почувствувала првите симптоми.
Таа зад себе остави две малолетни деца.
Инаку, во Ресен од почетокот на кризата до денес се регистрирани 147 позитивни на Ковид-19, оздравеле 142 пациенти, починаа 5 лица.