ГИ ИСПЛАШИ И ЖИВОТНИТЕ ВО ЗООЛОШКА: Силен земјотрес од 5 степени ја стресе Македонија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Рано утрово во 04.54 часот на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес.

Земјотресот беше со јачина од 5.0 степени.

Рано утринава, на 11.11.2020 година во 04 часот и 54 минути, регистриран е земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, за ТВ 21 изјавија од Сеизмолошката опсерваторија.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0, велат од Сеизмолошката опсерваторија.

Земјотресот бил почуствуван и во Албанија и во Косово.

Познато е дека животните чувствуваат дека ќе има земјотрес неколку секунди пред истиот да го стресе тлото. На Твитер се појави и виде направено во близина на Зоолошката градина во Скопје на кое се слушаат и паничните крици на животинките внатре.

останати вести