МВР објави службени детали за средношколецот Јован од скопската гимназија „Георги Димитров“ кој беше пронајден починат, а веста на социјалните мрежи првично ја објави професорката Виолета Ачковска.
Според соопштението на полицијата, тинејџерот бил пронајден со повреди настанати од пад од висина.
– На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина, информира МВР.
Претходно, според Ачкоска, тој бил отруен од дрога, додека мајката на Јован во меѓувреме се огласи и напиша на социјалните мрежи дека не се работи за самоубиство во никој случај.