Почина италијанскиот доктор Марсело Натали (57) кој бил позитивно тестиран на коронавирус и работел во болница во Кодоњо.
Според пишувањата на Еуроњуз, докторот имал тешка пневмонија. Во едно од неговите последни интервјуа пред да биде тестиран на коронавирус, истакнал дека морал да работи без заштитни ракавици бидејќи немало повеќе, сите биле потрошени.
-Не бевме подготвени за коронавирусот, како доктори на постантибиотската ера растевме мислејќи дека апчето против се’ е доволно за се, истакнал тој за Еуроњуз.
Инаку, 110 доктори од 600 во една провинција на Бергамо се заразен со коронавирус.