Младата раперка и инфлуенсерка Лил Теј почина на 14-годишна возраст.
Причината за смртта сѐ уште не е откриена, но во официјалното соопштение се наведува дека починал и нејзиниот брат.
„Со тешко срце ја споделуваме разорнат вест за ненадејната и трагична смрт на нашата сакана Клер. Немаме зборови да ја искажеме неподносливата загуба и неописливата болка. Овој исход беше сосема неочекуван и сите нѐ остави сите во шок. Смртта на нејзиниот брат додава уште понезамислива длабочина на нашата тага. Во ова време на голема тага, љубезно молиме за приватност додека жалиме за оваа огромна загуба, бидејќи околностите околу смртта на Клер и нејзиниот брат сè уште се под истрага. Клер засекогаш ќе остане во нашите срца, нејзиното отсуство остава незаменлива празнина која ќе ја почувствуваат сите кои ја познаваа и сакаа“, се вели во соопштението.
Лил е по потекло од Канада, а популарноста ја стекна на Јутјуб каде е активна од 2007 година.