Бетани Мур од Англија стана многу популарна на социјалните мрежи поради нејзините необични тетоважи.
Првата тетоважа ја направила на својот 19-ти роденден, а набрзо тетовирањето станало нејзина голема љубов. Сега, 9 години подоцна, повеќе од 90 отсто од нејзиното тело е покриено со тетоважи.
Покрај тетоважите, оваа девојка обожава и пирсинзи, па има десетина, а според неа планира да има уште толку.
Бетани открива дека потрошила повеќе од 25.000 долари на тетоважи и пирсови и поради таквиот вид на разубавување на телото поминала повеќе од 300, како што вели, болни часови.
„Луѓето често ме гледаат чудно и свесна сум дека сум бизарна, но најважно ми е родителите и момчето да ме поддржуваат“, вели Бетани и објаснува дека секоја тетоважа има своја приказна.
„Тетоважите се направени во јапонски стил и секоја има свое значење. На пример, мојата прва тетоважа е волк кој завива на Месечината и му ја посветив на моето куче кое почина“.
Таа е многу популарна на социјалната мрежа Инстаграм, но, како што вели, покрај обожавателите, стекнала и многу хејтери.
„Ми велат дека го сквернавам моето тело и дека жената не смее да изгледа како мене. Меѓутоа, мене навистина не ми е гајле што вели некоја личност на интернет која се крие зад лажно име и фотографија“, вели Бетани, која засега има нема тетоважи само на нејзините стапала и лице.
Сепак, таа до пред 9 години немала никакви тетоважи и изгледала сосема поинаку.
Според неа, тетоважите ѝ ја дале самодовербата што ја немала како тинејџерка.