Луѓето кои ја примиле вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ имаат најслаб имунитет, изјави заменик – директорот на Клиничкиот центар во Ниш, Радмило Јанковиќ.
Тој кажа дека најголемиот дел од населението во Србија е вакцинирано со вакцината на „Синофарм“.
„Кога ги споредувате вакцините, гледате дека, сепак, најслаб имунитет имаат луѓето со оваа вакцина. За жал неа ја примија многу стари луѓе и мислам дека тоа е многу тажен факт. Жален е затоа што мислам дека мораме да им дадеме можност да го зајакнат имунитетот“, рече Јанковиќ.
Тој вели дека постарите луѓе кои примале „Синофарм“ на почетокот на вакцинацијата во Србија итно треба повторно да се вакцинираат.
„Моја препорака е оние кои примале ‘синофарм’, особено постарите од 50 години, да ја сменат вакцината и да примаат ‘фајзер’“, советува Јанковиќ, пренесува Нова.рс.
Comments are closed.