Едно од најпоставуваните прашања е дали постои живот после смртта. Млад човек кој сакал да биде анонимен, тврди дека го знае одговорот на ова прашање.
Тој речиси се вратил од мртвите кога за малку ќе се удавел. Кога го извадиле од водата, тој не давал знаци на живот и како што изјавил, видел живот после смртта и го опиша патот по некој друг свет.
“ Кога ќе умрете ќе ви се случи една од овие две работи – или ќе поминета низ тунел на светлината или ќе се најдете на место каде што нема ништо освен страв и темнина. Лошите луѓе одат во таа темнина. Тогаш знаете дека сте дошле во пеколот и таму ќе останете цела вечност. Таму ќе бидете како парализирани, и нема да можете да видите ништо освен темна празнина. Не би им посакал и на моите најголеми напријатели да се најдат таму. А што се однесува до тунелот, всушност тоа и не е тунел. Од надвор изгледа како вжештено јаже кое полека се движи и ги осветлува добрите душу кој се внатре и одат кон подобро неште. Бев многу среќен што видов нешто така неверојатно“.
Иако, овие тврдења многумина ги сметаат дека биле негова халуцинација, многумина признале дека тие ги утешиле бидејќи не можеле да замислат дека после смртта едноставно се ќе снема.