Една од нашите најпознати водителки Берта Додевска преку својот Фејсбук профил го сподели своето искуство од имунизацијата со вакцината Фајзер.
„Јас и реакција на имунизација.
Пред првата доза се’ ми беше по протокол: Вежбав цела недела во теретана за да не одам после вакцинирање неколку дена! Бев и на Водно! Јадев само протеини цела недела (така требало) а дури и пивце одбивав, не па винце.
Легнував 3-4 дена во 23:30 а вечерта пред вакцинирање дури се убедив – мора да се заспие во 23:00. Демек супер одморена, за да немам реакција ..
– И после прва вакцина од истиот момент следните 4-5 дена не можев раката да ја подигнам. Ме уби од болење левото рамо .. до толку што не можев крпа после туширање да држам. Јас денес на втората дозa.
Вчера викам – и онака сите се жалат дека полошо поминале со втората Pfizer,
па удри на весеље. И коа му седнавме во Oeno bar на Кеј – од 17:00 до 22:00. Ред мезе – ред смеење – ред пијачки и пак од почеток..
Сабајле им викам на вакцинирање – терајте втора доза на десно рамо ве молам. барем рамномерно да е. И онака се спремам се’ да откажам за денес.
И еве ме десетина саати подоцна.. не-за-ста-нав Тотално заборавив дека се ревакцинирав. Десното рамо супер .. едино пред дождот, сега ми текна – левото рамо ме штрекаше уствари на местото на првата вакцина.
Ама го игрнорирав. – ИН АНТИТЕЛА ви траст“, напиша Берта Додевска.
Comments are closed.