До последен час ја одржувал врската пилотот на урнатиот авион Цесна со Контролата за летање во Скопје.
-Делта-Индија-Браво, во турбуленција ли сте: прашува контролорот од Скопје и добива одговор од пилотот дека е веќе над облаците и има визуелен контакт со земјата.
-Се обидуваме за заобиколиме еден голем облак, вели пилотот.
Контролорот заедно со негов колега му помагаат на пилотот и комуникацијата од англиски поминува на македонски јазик. Контролорите препорачуваат дека авионот може да прелета директно над Солунска Глава. Потоа се губи врската со авионот.