Венсан Касел (56), францускиот актер и поранешен сопруг на Моника Белучи, е фотографиран на плажа во Рио де Жанеиро со својата нова девојка, 27-годишната бразилска манекенка Нара Баптиста.
Двојката се забавувала на даска за сурфање. За нивната врска извесно време се шушкаше, а папарацо фотографиите сега ја потврдија романсата.
На почетокот на годината, Венсан раскина со сопругата, манекенката Тина Кунаки (26).
“Тие живеат одвоено со недели. На Тина ѝ е скршено срце”, изјавил тогаш еден инсајдер за британскиот таблоид. Заедно ја имаат четиригодишната ќерка Амазонија.
Тој наводно се зближил со Нара откако се допишувал на Инстаграм, а времето заедно почнале да го поминуваат во Рио. Нара е родена во Бразил, а на 18-годишна возраст се преселила во Квинсленд, Австралија. Во 2020 година, таа била финалистка на австралискиот натпревар за Мис Универзум. После тоа потпишала договор со модна агенција од Бризбејн, а потоа се преселила во Бразил.
Венсан Касел има две ќерки од првиот брак со Моника Белучи, 13-годишната Леони и 19-годишната Дева Касел.