Во близина на главниот плоштад во Тетово е пронајдено безживотното телото на поранешниот возач на Хазби Лика, Фатмир Тахири од Тетово. Телото, со прострелна рана, е пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син, недалеку од местото на живеење.
Според првичните информации, пренесува Алсат од увидот, на стаклото од автомобилот се забележани дупки од огнено оружје, но сè уште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство.
Фатмир Тахири бил вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово. Засега познато е дека починатиот немал семејни проблеми, ниту пак, имал проблеми на работното место. На местото на настанот има полиција и јавен обвинител од Канцеларијата на обвинителот во Тетово.