Од 1994 до 2002 година Пирс Броснан го играше агентот 007. Тој се вклучи во дебатата дали Џејмс Бонд треба да го игра жена.
„Мислам дека ги изнагледавме мажите како го прават тоа во изминатите 40 години. Мажи, тргнете се од патот и ставете жена во улогата!“, вели 66-годишниот актер.
Даниел Крег ќе ја репризира улогата на фиктивниот британски шпион по петти (а најверојатно и последен) пат, во „No Time To Die“ што треба да има премиера во април 2020 година.
Броснан се надева дека ќе го сменат полот на овој легендарен лик, но смета дека проуцентката на успешната филмска франшиза Барбара Броколи не би се сложила со идејата.
„Мислам дека тоа нема да се случи додека семејството Броколи стојат зад франшизата“, вели Броснан.