“ЕДЕН ТАНЦ СО ТАТО?“: Ја изненади својата ќерка која остана без матурската прослава (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Заради пандемијата на коронавирусот ширум светот се откажани матурските прослави.

Токму затоа средношколката Марли Оџерс мислела дека од матурската вечер ќе нема ништо. Но, на врвот од скалите во нејзиниот дом видела порака од нејзиниот татко. Пораката стоела врз фустанот кој планирала да го носи за матурската вечер.

-Денес е матурска вечер. Еден танц со тато? Дали сакаш да одиш со мене? – пишувало во пораката.

Видеото прикажува како Марли во бел фустан со разголен грб танцува со својот татко во нивниот дом.

„Спомени кои ќе ги негуваме“, напишала сестрата на Марли Натали на Фејсбук.

останати вести