Поранешната руска тенисерка и шампионка на Вимблдон Софија Жук повторно е во центарот на вниманието на медиумите поради нејзиниот атрактивен изглед!
Во 2020 година реши да се пензионира поради повреда, но не успеа да се сокрие од очите на јавноста, ниту пак се обидува да го стори тоа.
Како што пренесуваат руските медиуми, поранешната јуниорска победничка на Вимблдон ги зголемила градите со вградување силикон. Својата инвестиција во себе ја претстави пред јавноста преку атрактивни фотографии на Инстаграм, а како што вели „значително и се зголемила самодовербата“ благодарение на новите гради.
Софија го освои јуниорскиот Вимблдон во 2015 година без загубен сет. Сепак, по 123 победи и 66 порази, со заработени 400.000 долари од „белиот спорт“, Русинката се откажа поради проблеми со болки во грбот кои беа неподносливи.
Благодарение на тој атрактивен изглед, Софија својата кариера како тенисер ја заменила за фотомодел.
Во моментов атрактивната Русинка живее во Мајами.