Поранешната пејачка на хрватската група Магазин, Македонката Лилjана Николовска (55) на социјалните мрежи го нападна новинарот Горан Милиќ кој се обиде да ја одбрани хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, пишувајќи дека нападите кон неа биле “екстремен облик на примитивизам и мразење“.
“ Господине Милиќ, критика на јавен службеник кој е платен од сите нас, не е примитивизам туку должност на секој граѓанин. Примитивизам се гладните деца по школите и здравствените проблеми. Примитивизам е да работиш полно работно време и да бираш помеѓу храната или греењето. Примитивизам е копањот на старите лица по контејнерите иако цел живот плаќале по фондовите. Примитивизмот е неисцрпна ароганција на вашата владејачка каста, приватните јахти што ги плаќаат солзите и крвта на мртвите и живите, службените “ауди“ во земја во која луѓето немаат ниту градски автобус, легализираниот грабеж… “, напиша пејачката.
Претходно хрватската претседателка го коментирала нејзиниот живот во Југославија.
„Девојка родена на погрешната страна на железната завеса, која сонувала за други места каде луѓето имаа слобода на избор, каде би можеле да зборуваат слободно и да ги искажат своите верувања без да бидат прогонувани“.
Лилјана не и останала должна.
„Јас бев музичар, патував низ целиот свет, одев на полноќни свадби и причести во црква, одев на балет, на доктор, стоматолог, летувања и зимувања кога и да ми наредеа, зад истата железна завеса. Многу пропатив. Колинда, издржи уште малку додека не те примат некаде надвор во излог со многу неонско светло“.
Инаку, Лилjана Николовска која е Македонка, ја напуштила Хрватска пред војната, а по пропаѓањето на нејзиниот брак со Јадран Лазиќ, во 1995. година, се омажила за музичарот Пит Мазич, со кого го има синот, Тони. Тие со години живеат во Сан Педро и во куќата имаат музичко студио. Таа пееше во „Магазин“ од 1983 до 1989 година.