Поранешната жена на Кевин Костнер ужива со новиот партнер само една година по разводот
Поранешната сопруга на Кевин Костнер, Кристин, била фотографирана додека шетала со својот нов љубовник Џош Конор. Уште во јануари се шушкало дека се во врска, а сега веќе не се ни трудат да го сокријат тој факт.
Кристин (50) била видена како се држи за рака со финансиерот Конор, за време на лежерна прошетка во Санта Барбара, Калифорнија. И тоа не би било ништо чудно ако тој не им бил долгогодишен пријател и поранешен сосед на разведените сопружници.
Во јануари, анонимен извор изјавил за „Пипл“ дека Кристин и Конор биле во врска со месеци, а потоа, пријател на Кристин рекол дека тие се заедно откако таа се развела од Кевин.
Кристин поднела барање за развод на 1 мај 2023 по 18 години брак со Кевин (69). Кога го поднела барањето, го навела 11 април како датум на нивниот развод.
Претходно биле видени како поминуваат време заедно на Хаваи во јули 2023. На тоа патување биле и нивните деца.
„Тој е разведен татко и разбира низ што помина таа. И двајцата го обожаваат океанот и животот на плажа. Тоа ја прави Кристин среќна.“
Адвокатот на Кристин, Џон Рајдел, ги отфрлил гласините за романсата меѓу Кристин и Конор за време на сослушувањето за алиментацијата за децата во август 2023 по нејзиниот развод од Кевин. Тогаш Рајдел изјавил дека Конор ѝ бил пријател и ништо повеќе од тоа.
Друг извор поврзан со семејството Костнер рекол во јануари дека Кристин и Конор се заедно, иако претходно биле добри пријатели и додал дека тие се на иста бранова должина.
„Многу се забавуваат заедно“, рекол изворот тогаш.
Кевин и Кристин го официјализирале разводот во февруари. Поранешната двојка решила да се разведе во септември 2023 по повеќемесечен правен спор. Режисерот и актерот рекол дека дошле до пријателско и обострано договорено решение на сите прашања поврзани со нивната бракоразводна постапка.