Поранешната голманката на Вардар, Бразилката Маиса Песоа ја побара за жена својата девојка Никита Рамоа. Таа објави слика од дијамантскиот свршенички прстен на Инстаграм и се пофали дека Никита „рекла ДА“. Слика од веридбата на својот инстаграм-профил објави и Никита.
„Ти си апсолутно совршена за мене. Љубов на мојот живот“, напиша Никита.
34-годишната Песоа во моментов брани тимот на „Ростов Дон“ и за бразилската репрезентација. Таа во „Вардар“ беше една сезона и играше во финалето на Лигата на шампионите во 2016 година.