Инаку, претходно во јануари Абрил го пријавила Хуан откако тој ја претепал со бејзбол палка додека спиела. Бил задржан во притвор во траење од 10 месеци, но судијата го ослободи на почетокот на ноември, при што го преформулира обвинението од обид за убиство во семејно насилство.

Според медиумите, кога дознала дека сопругот е пуштен од притвор, Абрил се иселила од градот заедно со трите деца.  Но, како што велат роднините, откако тој била кратко време Мексико Сити за да присуствува на состанок поврзан со барањето за старателство, додека Абрил патувала кон аеродромот, пред нејзиниот автомобил, во кој биле и двете нејзините деца, се испречил мотор. Од моторот се симнал Гарсија и ја застрелал жената во глава.