“Мекдоналдс“ му даде отказ на извршниот директор Стивен Истербрук поради љубовна врска со една од нивните вработени. Гигантот за брза храна соопшти дека Истербрук ја прекршил политиката на компанијата со влегувањето во љубовна врска со негова колешка.
Во мејлот што го испратил сега веќе бившиот директор признал дека врската со вработената во компанијата била грешка.
– Земајќи ја во предвид политиката на компанијата, согласен сум со одборот дека е време да тргнам понатаму -напиша Истербрук.
Инаку, Стивен Истербрук извршен директор на “Мекдоналдс“ е од март, 2015 година. Под негово водство акциите на компанијата двојно се зголемиле. На негово место е назначен Крис Кемжински.