Познатиот хрватски пејач Тони Цетински неодамна се пресели во Опатија, во стан од 40 квадрати и како што изјави за хрватските медиуми, никогаш не му било поубаво.
-По мозочниот удар, Дубравка во Опатија оди на терапија и добро заздравува. Овде отворив и музичко училиште кое ќе можат бесплатно да ја посетуваат талентираните деца, – изјавил Тони.
Инаку, Тони Цетински прво од Загреб се пресели во родниот Ровињ, а сега животот го одведе во Опатија. Во 2017 години откри дека по 25 години се сели од хрватска метропола, а неговата одлука ја подржа и сопругата Дубравка.