Бремената манекенка Карли Клос на филмскиот фестивал во Кан ги засенила сите во златниот фустан од брендот „Dior“. 30-годишната ѕвезда на модната писта на главата носела елегантна, златна лента со мрежест вел којшто ѝ го покривал лицето и правел да изгледа како грчка божица.
Клос која се венчала за братот на милијардерот Џаред Кушнер, Џош Кушнер (37) во 2018 година и со него во 2021 година го добила синот Леви (2), неодамна ја открила својата бременост, а сега гордо го покажала трудничкиот стомак.
Интересно е тоа што манекенката поради својот сопруг ја сменила верата и станала Eврејка.
„Го следев своето срце и се венчав за мажот којшто го сакам без оглед на сите компликации кои беа присутни“, изјавила во една прилика Карли.
Имено, семејството на нејзиниот сопруг сметало дека Карли не е доволно добра за него, па ја запознале дури по шест години врска со него.
На неговото семејство најмногу му пречело тоа што Карли не е од иста вероисповед како нивниот син. За неа низ годините се зборувале грозни работи, а своето мислење не се трудела да го скрие.
Дури и кога ја сменила верата, ниту тоа не им било доволно. Иако одлучиле да ја запознаат се шпекулира дека односите и натаму не се добри, а како што наведуваат блиските луѓе, никогаш нема ни да бидат.
Меѓутоа, Карли е сигурна во својата љубов и никогаш не ни помислила да го напушти својот сопруг.