Ако живеете со убедувањето дека едноставно немате среќа во љубовта, постои можност самите да сте виновни и со своето однесување да го одбивате момчето со кое сте во врска.
Принцеза
Момчињата не сакаат преголема драма, особено кога се работи за сосема неважни ситуации. Вашата убавина и физичка привлечност некогаш едноставно не се доволни.
Сè споделувате со другите
Момчињата не го поднесуваат тоа што сите ваши пријателки знаат за неговите инаку најскриени тајни, кои во доверба ги споделиле со вас. Некои работи едноставно треба да останат само меѓу вас.
Глумите трофеј
Момчето ви плаќа вечери и пијачки, но и сè останато што ќе ви падне на памет. Mожеби е време да пронајдете работа и да бидете самостојни и со самото тоа и привлечни, а не само „спонзоруша“.
Премногу сте несигурни
Постојано од момчето барате да ви се јавува и да ви повторува колку сте му важна. Можеби треба да му дадете малку простор и малку повеќе да верувате во себе.
Премногу размислувате
Не се заморувајте премногу со изјавите на момчето, за тоа што тој всушност сака да ви каже, бидејќи на тој начин ќе ги пропуштите сите оние убави моменти во кои би можеле да уживате.
Не ги поднесувате неговите пријатели
Морате да бидете свесни дека момчињата поголемиот дел од времето го поминуваат со своите пријатели и веројатно нема оправдана причина за да се обидете да го спречите во тоа. Прифатете ги како дел од вашиот живот, а нивната присутност во сè сведете го на минимум.