Ана Ѓуриќ, многу попозната како Констракта, направи вистинска револуција на музичката сцена со песната „In corpore sano“, па во 2022 година најпознатата реплика кај сите нас беше „umetnica mora biti zdrava“, но многумина се прашуваа и „u čemu je tajna zdrave kose Megan Markl“.
Меѓутоа, зад навидум хумористичните стихови, се кријат многу важни пораки за сите нас. Иако постигна огромен успех на „Евровизија“, освојувајќи го високото 5. место во Торино, таа одлучи и оваа година да се бори да замине во Малме и тоа со песната „Novo, bolje“.
За настапот на оваа автентична дама можат да се слушнат коментари дека „веќе е видено“, но всушност, Констракта се обидува да ги освести сите и тоа на многу интересен начин. Имено, сето време додека таа пее, зад неа стои натписот: „Epizoda dva: Niti novo, niti bolje“. Пораката е јасна – новото не значи по дифолт и подобро!
Констракта веќе долги години е членка на бендот „Zemlja gruva“, кој е основан во 2007 година, заедно со Зои Кида. Она по што се издвојува се текстовите кои секогаш имаат многу подлабоко значење, но и став кој не подлегнува на трендовите.
Малкумина знаат дека пејачката дипломирала архитектура, како и дека е горда мајка на две деца: момче и девојче, Никола и Лена. Од 2009 година е во брак со Милан Ѓуриќ, кој, според социјалните мрежи, исто како и неговата сопруга завршил Архитектонски факултет. И додека тој останал во професијата, Констракта избрала поинаков пат.
Нивната љубовна приказна трае веќе со години, а започнала во студентските денови. Имено, додека го посетувала Архитектонскиот факултет во Белград, нејзиниот сегашен сопруг бил асистент на истиот факултет – што било пречка за нивната љубов.
„Тоа сè е живот. Со проектирање не се занимавам одамна, одлучив дека на моето семејство повеќе му се исплаќа да бидам покрај децата и да ја работам оваа работа, а воедно можам повеќе да придонесам за нашата заедница преку ова што го работам сега – отколку преку архитектурата.
Признава дека е традиционален тип
„Јас сум домаќинка, дома сум, ако тоа значи дека сум традиционален тип, тогаш сум и сакам да бидам дома и покрај семејството, уживам во тоа.
Особено истакнува дека нејзиниот сопруг е голема поддршка во сè што прави и смета дека без него не би постигнала сè што е денес. Иако не е јавна личност, тој ѝ е ветар во грб за секоја цел која ќе ја зацрта.
„Не е лесно, тоа го знае секој кој се занимава со оваа професија. Тука сме да се поддржуваме еден со друг, без тоа е многу тешко. Без поддршка не знам дали би била толку упорна истуркам сè до крај, да се занимавам со ова со кое се гордеам”.