Девојчето во Британи било пренесено во ургентен центар со знаци на менингитис и сепса. Имала висока температура, забрзано чукање на срцето, болки во нозете, поспаност и повраќање.
И покрај знаците за предупредување, и бил препишан парацетамол и отпуштена од болница. Неколку часа подоцна, нејзините родители ја вратиле во болница откако добила осип и треска, кога и била дијагностицирана менингококна сепса.
Девојчето било префрлено на одделот за интензивна нега на блиската педијатриска болница каде доживеала откажување на повеќе органи и биле потребни неколку процедури за лекување на инфекцијата.
Подоцна нфекцијата се проширила и морале да и бидат ампутирани сите екстремитети – ампутации на двете нозе над колената и двете раце над лактите, пренесува „Индипендент“.
Семејството на девојчето поднело тужба против болницата, тврдејќи дека би ги избегнале ампутациите доколку и пружеле соодветна нега.
Болницата ја призна одговорноста на сослушувањето во Високиот суд во Лондон во петокот. Судијата Каспар Глин одобри спогодбата која изнесуваше околу 39 милиони фунти (44 милиони евра) – делумно да биде платена паушално, а остатокот во годишни исплати до крајот на животот на девојчето.
„Парите не можат да ви го вратат вашето девојче, но можат да и обезбедат иднина“, му рекол судијата на семејството.