Мораме да одлучуваме кој ќе оди на респиратор, а кој не“, вели бразилската медицинска сестра Елеин Оливеира, која лекува пациенти со Ковид-19, зборувајќи за тешките одлуки што здравствените работници треба да ги донесат во одредени делови на Бразил.
Сепак, тоа не е единствениот извор на фрустрација за таа медицинска сестра која работи во државата Сеара во североисточен Бразил, јавува Би-Би-Си.
Оливеира на Инстаграм објавила фотографија од себеси во целосна заштитна опрема и ги замолила луѓето да останат дома.
Го направила тоа бидејќи многу Бразилци го игнорират затворањето и не ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање, а за тоа ги охрабрува и претседателот Жаиро Болсонаро, кој заканата од коронавирусот ја отфрлил како ‘мал грип’.
Оливеира дури престанала да разговара и се откажла од своите браќа, бидејќи тие одбиваат сериозно да ја сфатат пандемијата на Ковид-19.