ВАШ ПСИХОЛОГ: Важноста на семејниот живот за менталното здравје на децата

by Тони Зографски

М-р Калиа Поповска

советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето

Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/

Instagram: kalia.therapylondon

 

Родителите сакаат да бидат успешни во постигнување на нивната цел – да израснат и воспитаат среќни, здрави, добро приспособени деца. Секојдневниот семеен живот и секојдневната интеракција со децата и тинејџерите важни се за менталното здравје на сите членови во семејството.

Семејнатата сплотеност, функционирањето и задоволството со семејниот живот зависат од постојаното и континуирано вклучување во семејното слободно време.

Вклучувањето во екстранаставните активности на децата и помагање со нивните домашни задачи се важни активности кои родителите ги превземаат за да се осигураат дека нивните деца ќе станат успешни возрасни.

Важно е времето кое родителите и децата го поминуваат во интеракција и заедно. Децата слободно да ги изразуваат своите мисли и чувства. Од ова искуство со текот на годините децата се чувствуваат прифатени и сакани и ги усвојуваат основните вредности од нивните родители. Родителите стекнуваат подлабоко знаење за силните и слабите страни на децата што им овозможува да обезбедат поддршка и соодветни насоки. Силната родител-дете врска која се создава води до поголема самодоверба, издржливост и самоувереност на децата.

Активности кои ги зајакнуваат семејните врски:

семејно време за оброк кое вклучува учество во подготовка на храната, поставување на масата, сервирање, декорација. Важно е регуларното време за оброците и се очекува да присуствуваат сите членови.Се дискутира за општи работи, за тоа како се чувствуваат членовите во семејството и се планираат семејните активности.

читање на книга на помалите деца. Постарите деца прашајте ги која книга ја читаат, прочитајте ја и дискутирајте што им се допаѓа во книгата, дали се идентификуваат со некој лик од книгата и зошто, дали некој лик ги потсетува на некого. Искоритете ја можноста да дискутирате за карактерите и вредностите, за нивните интереси, што научило од книгата и како тоа може да го примени.

– заедничко присуство на настани, фестивали, концерти, театар

семејни игри навечер, друштвени игри за забава, карти, домино, монополи

слушање музика, танцување заедно

заедничко учествување во физички активности, прошетки, трчање, велосипед, планинарење, фудбал, баскет, базен, летање змеј

заедничко гледање филм, дома или во кино. Разговарајте за впечатоците, побарајте моменти на кои може да се научи, дискутирајте за карактерите, вредностите, решавањето на проблемие, релациите помеѓу членовите.

планирање семејни активности, излети, викенди, одмори

Заедничкото време поминато во забава ја зајакнува врската, ја поттикнува отворената комуникација, обезбедува подобро запознавање, разбирање и прифаќање еден со друг, нуди можност за споделување различни искуства, вредности и интерактивно учење. Семејството ќе стане поповрзано и сплотено, а децата ќе се чувствуваат сакано и прифатено.

останати вести