Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона бил уапсен веднаш по пристигнувањето од Мексико во Аргентина, пишуваат тамошните медиуми. Неговата поранешна девојка го обвинила дека ѝ должи 5,7 милиони евра, па Марадона бил уапсен веднаш по пристигнувањето од Мексико во Аргентина.
За овој случај Марадона ќе има судење на 13-ти јуни, а според најавите таму Аргентинецот нема потреба лично да присуствува и ќе се појави неговиот адвокат, Матијас Морла.
Да потсетиме, Марадона и Олива беа во врска дури шест години, од 2012 година до декември 2018.