“МУ ГИ СТАВАМ РАБОТИТЕ ВО ВРЕЌИ ЗА ЃУБРЕ И ЧАО“: Маја Оџаклиевска искрено за нејзините 12 бракови

by Тони Зографски

Маја Оџаклиевска од врските со мажите научи дека жената не треба да трпи никаква злоупотреба. Пејачката се осврна кон поранешните партнери и објасни како се справувала со проблематичните ситуации.

-Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде  моментот кога не ми се допаѓа неговото однесување, му ги ставам сите работи во вреќи за ѓубре и му велам дека работите му се надвор. Чао и нов брак. Мајка ми велеше “еден појде, друг дојде“  – рече пејачката во една емисија и рече дека оваа мисла сега ја споделува со своите деца.

Таа спомена и една љубоморна сцена со нејзиниот поранешен партнер. Набргу по породувањето, Маја имала настап и затоа побарала нејзиниот тогашен сопруг да го чува бебето, на тој одбил. Имено, нејзиниот поранешен сакал да дојде со Маја, бидејќи бил премногу љубоморен.

-Се случува ситуација кога неколку луѓе ми приоѓаат, ми велат „прекрасна си и ме прашуваат кога ќе бидам на телевизија“. Откако си заминуваат тој ми вели “можеш да разговараш со нив, а со мене не“-  објасни Маја една од љубоморните сцени и додаде дека жената не треба да трпи ништо што не ѝ одговара.

останати вести