Германската поп ѕвезда Хелен Фишер си го исече лицето за време на настап.
Имено, за време на нејзиниот акробатски дел од настап во Хановер, Фишер паднала и ја удрила главата во трапезот, пишува „Блид“.
Незгодата се случила додека таа ја изведувала својата песна „Wounds“. И покрај тоа што поради оваа повреда ѝ течело крв по лицето, пејачката продолжила да пее.
По завршувањето на песната, таа му дозволи на својот тим да и помогне, а пред тоа им се обратила на присутните и им порачала: „Морам прво да го исчистам ова, драги мои, се е во ред“.
Сепак, 15 минути подоцна концертот бил прекинат, при што организаторот рекол дека тоа е поради „медицински услов“ – само еден час по настапот.
https://youtu.be/j6z-_XCD2ZE